Македонија најдобра во воведувањето на дигиталните тахографи

Bez autora
Apr 04 2011

Организацијата за "Техничка помош и размена на информации" (ТАIEX), при Европската комисија одлучи да ја претстави Република Македонија како најдобар пример за 2010, во делот на воведувањето на дигиталните тахографи. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, примерот на Македонија како пример за добра пракса ќе биде вклучен во извештајот на активности кој секоја година го издава ЕК на повеќе јазици. Македонија е меѓу првите земји во регионот што го заокружи процесот на имплементирање на одредбите од Европската спогодба за мобилните работници во меѓународниот патен превоз (АЕТR), велат од ресорното министерство и додаваат дека во рамките на овој процес е изработен закон, подзаконски акти, Национална политика и спроведување на постапка за издавање на картички и овластување на работилници за дигитални тахографи-велат во министерството.

Македонија најдобра во воведувањето на дигиталните тахографиОрганизацијата за "Техничка помош и размена на информации" (ТАIEX), при Европската комисија одлучи да ја претстави Република Македонија како најдобар пример за 2010, во делот на воведувањето на дигиталните тахографи.

Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, примерот на Македонија како пример за добра пракса ќе биде вклучен во извештајот на активности кој секоја година го издава ЕК на повеќе јазици.

- Македонија е меѓу првите земји во регионот што го заокружи процесот на имплементирање на одредбите од Европската спогодба за мобилните работници во меѓународниот патен превоз (АЕТR), велат од ресорното министерство и додаваат дека во рамките на овој процес е изработен закон, подзаконски акти, Национална политика и спроведување на постапка за издавање на картички и овластување на работилници за дигитални тахографи-велат во министерството.

Тие појаснуваат дека веќе е започнат процесот на издавање на мемориските картички за дигиталните тахографи за возачите од земјава, односно веќе се издаваат четири вида мемориски картички за дигиталните тахографи: возачка картичка, картичка на превозникот, работилничка картичка за овластените сервиси и контролна картичка.

- Воведувањето на дигиталните тахографи овозможува да се постигне вистинската цел на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, а тоа е да се подобрат условите за работа на возачите кои учествуваат во превозот на стоки и патници, укажуваат од Министерството за транспорт и врски. Тие сметаат дека со ова ќе се зголеми и безбедноста на патниот сообраќај, а целта на ЕУ е со воведување на прописите кои се имплементирани во овој закон, да дојде до изедначување на конкуренцијата, но исто така и да се поттикне зајакната контрола.

Во земјава се подобрува и сегментот превоз во патниот сообраќај, превоз на патниците и транспортот на стока.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik